Детектиран омикрон сојот кај 33 пациенти, кај тројца детектирана и флурона

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS=CoV-2.

Од изработени 56 примероци позитивни на SARS-CoV-2, 33 се позитивни на омикрон варијантата на коронавирусот, што изнесува 59 отсто од позитивните примероци.

Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.

Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS-CoV-2, попозната како состојна „флурона“