Речиси 90 отсто од светската популација има предрасуда кон жените, покажува студијата која во четвртокот ја објави Програмата на Обединетите нации за развој (UNDP), во пресрет на Меѓународниот ден на жените – 8-ми март.
Мажите се подобри политички лидери или директори на компании Студирањето е повежно за мажите отколку за жените. Мажите треба да имаат приоритет на пазарот на трудот, кога понудата на работните места е слаба.
Девет од десет лица во светот, меѓу кои и жени, имаат барем една предрасуда од овој вид, заклучува споменатата агенција на ОН врз основа на податоците добиени од 75 земји.
Предрасудите се најсилни во Пакистан, Катар и Негирија, а најдобро стојат во поглед на ослободувањето од предрасудите Андора, Шведска и Холандија
Од UNDP велат дека „и покрај децениите напредок“ и натаму постојат невидливи бариери меѓу мажите и жените.
„Денеска борбата за рамноправноста на половите треба да вклучува елиминација на предрасудите“, вели Педро Консеисао, еден од челниците на UNDP.
„Напорите кои беа многу ефикасни во елиминацијата на разликите кога станува збор за здравството или образованието, сега треба да одат подалеку за да се соочат со уште потешкиот проблем: длабоко вкоренетите предрасуди, како кај мажите така и кај жените, кои ја спречуваат вистинската рамноправност“, вели Ахим Стинер, исто така, од UNDP.
Агенцијата на светската организација ги повикува владите и институциите да започнат да користат нов политички пристап за да се застане на крајот на стереотипните размислувања и дискриминаторските практики.
И, во крајна линија, за да се промени поразителната статистика од овој извештај, според кој 28 отсто луѓе во светот сметаат дека е нормално мажот да ја тепа жената.