Девојка во Струмица прегази пешак

Дваесет и петгодишна девојка во вторникот вечерта во Струмица со своето возило тешко повредила повозрасен сограѓанин, информираат во средата од Министерството за внатрешни работи.

Во 20.00 часот на улица „22-ри Декември“ во Струмица, 25-годишната Л.М. од Струмица, управувајќи автомобил „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, удрила во пешак.

Настрадал 72-годишниот Б.В. од Струмица кој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.