Да се биде на диета и да се внимава на тоа да се храниме здраво не е едноставна и лесна задача, а многу луѓе се откажуваат на самиот почеток. Во сето тоа огромна улога играат и нашите емоции кои се одговорни за мотивацијата и за тоа дали ќе останаме истрајни и дали ќе ги добиеме посакуваните резултати.
Сепак, експертите наведуваат дека еден „ден за мамење‟ кога ќе изедеме некое колаче како парче чоколадна торта, воопшто не е рецепт за катастрофа, дури може да се каже дека не поттикнува побрзо да дојдеме до посакуваните резултати без чувство на фрустрација дека сме скусени за нешто.
Сепак, тоа што треба да го знаеме е дека таквите денови и ситуации мора детално да се испланираат и не смеат да се случуваат спонтано и непланирано, советуваат експерти од Холандија кои спровеле една интересна студија.
Во студијата учествувала група од 36 мажи и жени кои биле поделени во две групи кои се држеле до одредена програма за исхрана во две недели.
На првата група и било кажано дека „не смеат да мамат‟, додека втората група добила еден ден во неделата во која можеле да си дозволат едно колаче кое не се наоѓа во рамки на дозволените намирници.
Истражувачите забележале нешто интересно: кога е во прашање првата група која се држела до стриктниот протокол без прекршување на диетата, нивната мотивација била многу намалена ако би изеле нешто недозволено, што многу влијаело и на нивното расположение тој ден.
Од друга страна, учесниците во втората група на кои им било дозволено еднаш во неделата да „излажат‟ немале такви епизоди, ниту имале потреба да си дозволат колачиња во останатите денови на диетата, а имале и поголема мотивација да ја продолжат истата.
„Нема ништо лошо во тоа повремено да погрешите со исхраната, се додека ја знаете својата граница. Сепак, тука е клучно дека тие хедонистички моменти се планирани бидејќи непланските излети можат да ги доживеат како личен неуспех, поради што имаме тенденција да бидеме премногу строги кон себе, се казнуваме и се чувствуваме лошо поради тоа‟ – велат истражувачите од Универзитетот Тилбург во Холандија.
„Денот за мамење‟ нема само свои психолошки предности, туку може позитивно да влијае на самиот процес на слабеење, наведоа многу експерти, а еден пример е и т.н. „ден за полнење‟ кој е познат меѓу тие што конзумираат храна со намалено внесување на јаглехидрати, каде често е дозволен еден ден во неделата за зголемено внесување на јаглехидрати или по некоја „забранета‟ намирница.