Димитриеска Кочоска: Мерки за помош на населението нула

Дали и колку Владата навистина се “грижи” за населението?

Во однос на отписот на долгови на населението, кои се однесуваат за комунални услуги, не за струја важно е да се забележи следново:

Вредноста на оваа мерка не е оценета во петтиот пакет на мерки, како и за некои други мерки. Но, што е суштината – да се помогне на населението. На населението на кое банките му пресметаа вкупно 34 милиони евра дополнителни камати во периодот од април-септември 2020 година за одлагање на обврските. Зошто? Зошто немаше мораториум на обврски како што баравме, туку се остави на банките да пресметуваат камати. Ова е дополнителен финансиски товар за населението, коешто по избори го дочека и поскапување на струјата. И тука, оваа Влада е виновна за поскапување на животот. Во јануари имаме годишна инфлација од 1,9%, во најголем дел заради растот на цената на струјата, којашто се пренесува низ сите цени во економијата. Во последната анкета во јануари 2021 година деловните субјекти од преработувачката индустрија кажаа дека очекуваат во наредниот период зголемување на продажните цени на финалните производи.

Мерки за помош на населението нула!

Го лажете населението со картички, а од друга страна дупло му земате трајно… Цената на струјата и комуналните услуги расте во континуитет. Тоа значи поскапи цени на сите производи, поскап живот. Е тоа е вашата грижа за населението.