Имаме убедлива приказна, ако нема консензус за нас се доведува во прашање европската перспектива и фактот дека местото ни е во ЕУ. Целта ни е политичка одлука во октомври и старт на преговори во декември, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на гостувањето на телевизија Канал 5.
Наместо одговор дали ако ова не се случи до крај на годинава тој ќе си поднесе оставка, Димитров остана без прецизен одговор, односно одговор на друга тема.
Недостасува поголема искреност, како во домашната така и во меѓународната дебата. Целта ми беше да кажеме колку е важна таа раскрсница. И тоа не го тврдиме ние, туку и меѓународните медиуми каде има консензус за нашиот случај оваа година, поради тоа што многу чекавме, направивме историски подвиг Договорот со Грција. Тоа го прави нашиот пример очигледен и ако ние не успееме пораката кон регионот ќе биде: прашање е дали вреди да носите тешки политички одлуки, да правите европски компромиси, дали треба да се вложува во европската агенда, дали може да и се верува на Европската унија, рече Димитров.
Сепак, рече дека Македонија нема алтернатива, но додаде и дека прорефомските сили ќе ослабат ако патот кон ЕУ забави.