Дипломатска трка пред истекот на рокот за Северна Кореја

Дипломатската трка во последните моменти пред истекот на рокот за преговорите, Северна Кореја ја дочекува со цврст молк, а кризата која се надѕира ќе биде меѓу главните теми на самитот во Кина следната седмица.

Специјалниот американски претставник за Северна Кореја, Стивен Биган, би требало да отпатува од Пекинг во петокот по средбата со кинеските функционери. Претходно седмицава Биган, исто така, престојуваше во Сеул и во Токио на преговори со јужнокорејските и јапонските колеги. Не е познато дали Биган имал некакви неофицијални средби со севернокорејските претставници, но на неговите понуди и повици, Пјонгјанг јавно не одговараше.

Патувањето на Биган во Кина се одвива во времето кога Кина и Русија се договорија да предложат резолуција во Советот за безбедност на ОН, со којашто би се ублажиле меѓунардоните санкции наметнати на Северна Кореја, како начин да оваа затворена земја да биде поттикната на преговори за нејзините нуклеарни и ракетни програми. Следната седмица кинески, јужнокорејски и јапонски челници треба да се сретнат во Кина, а веројатно главна тема на состанокот ќе биде Северна Кореја.

„На некој начин морничаво е што немаше никакви изјави на високи функционери (на севернокорејското) министерство за надворешни работи оваа седмица. Тишината, дури и по говорот на Биган во Сеук, ме загрижува“, напиша на Twitter Џени Таун, извршна уредничка на интернет страницата 38 North, којашто ги следи случувањата во Северна Кореја.

Сеернокорејскиот челник Ким Џон-ун им даде рок на САД до крајот на годинава да предложи нови отстапки во преговорите за нукеларениот арсенал на Пјонгјанг и намалувањето на тензиите меѓу децениските непријатели. Северна Кореја порача дека САД треба да одлучат каков „божикен подарок ќе примат годинава“, без да навлегува во детали за тоа каква би можала да биде одлуката на Ким.

Четворица водечки демократи во американскиот Сенат во средата му испратија писмо на претседателот Донал Трамп во коешто тврдат дека „се чини дека американските напори да се воспостави мир на Корејскиот полуостров и да се денуклеаризира Северна Кореја запнаа и се на работ на неуспехот“. „Ја повторуваме својата надеж во тоа дека ќе спроведете сериозен дипломатски план пред да биде предоцна“, предупредуваат во писмиото.