Дневен хороскоп (30.01.2019)

Каква среда Ве очекува според хороскопскиот знак…

Овен

Ова е фантастичен ден за вас. Коцките конечно се склопуваат како што треба. Се наоѓате во период кога почнувате со новиот циклус на љубовта и активностите. Овие почетни точки се многу чувствителни и сега е вистинското време да размислите за тоа како сакате да ве паметат во иднина. Вашето срце и ум се во целосна хармонија па затоа искориститете ги за планирање.

Бик

Ова е еден од оние денови кога не знаете што да нарачате за јадење. Вие сте официјален сопственик на замаглена глава денес. Стоите во ред размислувајќи што да нарачате и додека дојде редот на вас вие веќе сте заборавиле. Емоциите ви се толку поврзани во главата така што не можете јасно ниту да размислувате. Обидете се да се опуштите со филм или музика.

Близнаци

Посетете музеј денес, вашето срце и ум се во спрега еден со друг и посебно сте чувствителни на елементите околу вас кои ги користат тие двата заедно. Направете си посебно задоволство вечерва и задолжително поведете ја саканата личност. Уживајте во добрата храна и пијалак и не заборавајте го десертот. Почитувајте го светот околу себе во целата своја убавина.

Рак

Можеби ви се чини дека срцето и главата работат против вас денес. Имате чувство како да сте се здружиле и дека не ви даваат да здивнете држејќи ве збунети. Застанете за миг и погледнете ги малку нештата од друг агол. Поврзете се со својата интуиција, останете настрана и оставете ги другите да размислуваат.

Лав

Вашето расположение константно се менува. Но, денес изгледа како да сте безгрижни и затоа уживајте во убавото расположение до крајот на денот. Ќе откриете дека можете појасно да ги изразите своите емоции, а во исто време сте во состојба да сочувствувате со другите. Сфатете дека  сите сме едно.

Девица

Денес ќе имате извесни тешкотии да воспоставите контакт со другите. Ќе имате чувство дека вашиот мозок е во друга димензија. Се’ во животот се движи во циклуси па така и вашите интереси, па затоа побарајте го она што во моментот ви е во фокусот на вашите интереси и потреби.

Вага

Работите може да дојдат до драматична кулминација денес. Можно е да ви изгледа дека се’ се свртило против вас. Ова е одличен момент да пронајдете баланс и да согледате многу поголема перспектива во својот живот. Ако се обидувате да сфатите како ви се срцето и главата, погледнете и на другата страна, сигурно ве водат по добар пат па затоа треба и да ги послушате.

Скорпија

Излезете од орманот и пуштете ја својата креативност да тече слободно денес. Имајте на ум дека можеби нема да имате доволно дисциплина да го завршите проектот којшто денес сте го започнале, но затоа сигурно нема да ви недостасува креативност. Дозволете си себеси слобода и другите ќе видат колку силно можете да блеснете.

Стрелец

Денес е одличен ден за вас. Конечно ќе успеете да ги разберете своите емоции и начинот на кои тие работат. Можеби ќе бидете посебно чувствителни и полни со љубов кон другите и тоа ќе ги привлече луѓето околу вас. Во можност сте да ги согледате своите емоции на рационален и разумен начин, наместо што досега сте им биле препуштени на милост и немилост.

Јарец

Можеби денес ќе имате малку потежок ден отколку обично. Без оглед што работите изгледа дека нема да ги постигнете саканите ефекти. Можеби вашата неодлучност е она што ве кочи и не ви дозволува да бидете поефикасни. Вашиот безгрижен пристап кон нештата ве прави лесна цел за манипулација. Преземете ја контролата над ситуацијата.

Водолија

Негувајте ја својата уметничка и романтична страна денес. Уживајте во дождот и не грижете се. Вашето срце и ум се конечно на иста бранова должина и многу ви е полесно да го искажете она што го чувствувате. Излезете надвор и забавувајте се со друштвото.

Риби

Денес е еден од оние денови кога се чувствувате како да сте облечени за сите прилики, а нема каде да одите. Не грижете се за деталите. Следете го своето срце и тоа ќе ве одведе каде што треба. Одговорот барајте го веднаш зад аголот. Имате чувство како да е блиску, а сепак далеку. Тоа е сосема разбирливо. Преземете ја контролата над својата судбина и работете на целите кои сте си ги поставиле.