Дневен хороскоп за сабота, 21 ноември 2020 година

ОВЕН

Работа: Мистериозни сте кога се работните планови во прашање. Ги криете од колегите за да не ви ги земат идеите.

Љубов: Емотивни сте исполнети. Врската е исполнета и стабилна.

Здравје: Чувствителен стомак. Внимавајте на исхрана.

БИК

Работа: Загрижени сте поради соработката со странци. Не одговораат на ваквите пораки, па се плашите да не се откажат од соработка.

Љубов: Вашите емоции се интензивни. Љубоморни сте без причина.

Здравје: Водете сметка околу кожата.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Вашиот главен адут е интелигентната комуникација. Работните состаноци се успешни и се одвиваат во правец кој вам ви одговара.

Љубов: Емотивното поле воопшто не ве интересира.

Здравје: Хронични проблеми со коските и зглобовите.

РАК

Работа: Пред вас е успешен работен пат. Минувате подобро од што сте очекувале.

Љубов: Емотивно сте незадоволни. Имате потреба да сакате и да бидете сакани, но никој не се појавува.

Здравје: Дишните органи се чувствителни.

ЛАВ

Работа: Самоуверено приоѓате на работните проблеми и успешно ги решавате. Вашата упорност уште еднаш донела резултати.

Љубов: Имате потреба за топол однос, но никој не буди емоции во вас.

Здравје: Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Работа: Разговор со надредената личност не се одвива најдобро. Не ви се допаѓаат идеите од другата страна, но не сте во можност да смените нешто.

Љубов: Задоволни сте од комуникацијата со партнерот.

Здравје: Наклонети сте кон промена на расположението.

ВАГА

Работа: Уживате во интересни преговори. Имате впечаток дека се надмудрувате со другата страна на интелегентен начин.

Љубов: Се чувствувате несигурно во врската. Ви недостасува чувство на сигурност поради што го обвинувате партнерот.

Здравје: Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работа: Не сте задоволни од соработка со соработник. Носите одлука да ја прекинете. Другата страна е изненадена од вашата одлука.

Љубов: Задоволни сте од оваа сфера.

Здравје: Дигестивниот систем е чувствителен.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате впечаток дека повеќе работите на отстранување на проблемите отколку на реализацијата на плановите.

Љубов: Ви пречи статусот на слободна личност. Сакате љубов и страст.

Здравје: Носите одлука да исфрлите некои намирници од употреба за подобро здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Комуникацијата со соработниците не е најдобра. Многу ве загрижуваат финансиите. Доаѓа до изненадувачки трошок кој сериозно го нарушува буџетот.

Љубов: Емотивниот и социјалниот живот се сведени на нула.

Здравје: Потребно ви е да се одморите.

ВОДОЛИЈА

Работа: Нервозни сте поради финансиите. Трошоците се собираат, а не сте во позиција да го зголемите приходот.

Љубов: Односот со партнерот не е најдобар. Секој влече на своја страна и немате впечаток дека сте пар.

Здравје: Наклонети сте кон промена на расположението.

РИБИ

Работа: Работата толку добро ви оди, што дури и надредената личност ви честита на успехот.

Љубов: Брачниот партнер е нервоен поради проблемите на работа, а вие пробувате да го смирите и да го опуштите.

Здравје: Задоволително здравје.