
Според аналитичкиот центар на Коалицијата „Излези да гласаш“ со обработка на досега пристигнатите податоците, до 14 часот, во изборна единица 1, за претседателските избори има 35,95 отсто излезеност, а за парламентарни избори 39,83 отсто.
Во изборна единица 2, констатирана е излезност од 30,67 отсто за претседателски избори и 37,03 отсто за парламентарни избори.
Во изборна единица 3, има излезност од 46,08 отсто за претседателски избори и 45,44 отсто за парламентарни избори.
Во изборна единица 4, констатирана е излезност од 42,81 отсто за претседателски избори и 42,84 отсто за парламентарни избори.
Во изборна единица 5, излезеноста за претседателски избори е 35,20отсто, а за парламенстари 39,17 отсто. И во изборна единица 6, излезеноста е 13,95 отсто за претседателски избори и 25,93 отстоза парламентарни избори .