До 290 украински војници се убиени или ранети во областа Доњецк за 24 часа, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
„Во областа на Доњецк, единиците на борбената група Југ заедно со авијацијата и артилерија извршија напад врз групи војници од 22-та и 28-та механизирана бригада на Украина“, се вели во соопштението.
Според воената агенција, вкупните загуби на противникот во таа област изнесуваат до 290 загинати или ранети војници, три возила, хаубици Д-20 и Д-30, како и систем за електронско војување Буковел.