Дојави за бомби во 39 училишта во Скопје

Денеска до 10.00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. По добиените дојави училиштата се евакуирани.

Од МВР велат дека полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите.