Додека Владата и Сугарески молчат, претприемачите трпат огромни штети

Вечерва на „24 отворено“ вклучување имаше Лилјана Затуроска која што посочи дека околу 49% од анкетираните претприемачи кажуваат дека штетата која што ќе ја претрпат од Ковид 19 е помеѓу 81% до 100%. дури и Градежниците стравуваат од финансиски крах.

Дали како министерство за транспорт и врски вие излеговте со конкретни мерки во време на една ваква пандемија, за да на некој начин ги релаксирате и градежниците и бизнисот, и сите кои што се засегнати од корона вирусот и од оваа пандемија, го запраша Затуроска министерот Сугарески.

Затуроска додаде дека во сферата на градежништвото се алармира. Тие бараат да не им се стопира по никој случај капиталните инвестиции.

Но пак ќе кажам, ова што го видов јас од министерството за финансии конкретно во сферата на транспорт и врски имате за првото тромесечие 8.51% реализација. Градежниците стравуваат од финансиски крах, нагласи Затуроска.

Затуроска посочи дека министерот и министерството ништо не предложија очигледно како мерки за справување со корона вирусот и последиците по оваа пандемија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обелодени навистина сериозна ситуација која што може да се случи во наредниот период со буџетот и со дупката која што ја имаме во истиот буџет, појасни Затуроска.

Затуроска презентираше една анкета која што е направена од страна на претриемачите од различни фели. Околу 49% од анкетираните претприемачи кажуваат дека штетата која што ќе ја претрпат од Ковид 19 е помеѓу 81% до 100%, тоа е една фрапантна бројка.