Македонски телеком информира дека денеска се доделени главните награди од наградната игра „Со MaxTV на светското првенство во Бразил“.
Тројцата добитници се Диме Поповски, Радомир Димитриевиќ и Катерина Јованоска, кои покрај повратен авионски билет добиваат и платено сместување за четири дена во хотел со 4 ѕвезди, платени трошоци за патна виза и билет за финалниот натпревар кој ќе се одигра на 13-ти јули на легендарниот стадион Маракана во Рио де Женеиро.
Наградите ги додели Густав Малер, главен оперативен директор за приватни корисници во Македонски Телеком и Т-Мобиле.
Право на учество имаа сите постојни корисници на еден од пакетите 3Max или 3Max Optic, како и сите нови корисници кои се одлучија за овој пакет. Влечењето се реализираше по случаен избор, со компјутерска програма, од базата на корисници.
Покрај главната награда, исто така беа извлечени и добитници на 20 Sony LCD телевизори, кои беа доделувани секој петок, од започнувањето на наградната игра, 25 април, 2014 година па се до нејзиното завршување.