Додик: Вучиќ ми го даде својот хеликоптер, а Милановиќ е интересен соговорник

Челникот на босанските Срби Милорад Додик потврди дека минатата седмица отпатувал на хрватскиот остров Хрвар за да се сретне со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ со хеликоптер што го користел српскиот претседател Александар Вучиќ, но не гледа ништо спорно во тоа бидејќи се работи за цивилно, а не за воено летало.

„Тоа е хеликоптер што го користи Вучиќ, нашиот е на редовен сервис. Го замолив (Вучиќ) да ми го даде, немаше никакви проблеми“, рече Додик во интервјуто што во понеделникот го објави бањалучкиот весник Глас Српске.

Додик престојуваше на Хвар на 25-ти јули, а неговата средба со Милановиќ подоцна од кабинетот на хрватскиот претседател беше опишана како нормална работна средба. Меѓутоа, состанокот, сепак, предизвика бројни реакции, особено поради начинот на кој претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, Додик пристигна во Хрватска и леталото со кое долета.

Додик сега вели дека оние кои го доведуваат во прашање фактот дека тој патува со хеликоптерот на Вучиќ „немаат поим од животот“. Доколку не е воен хеликоптер, како што посочува, може слободно да лета насекаде, а важно е само летот навремено да биде пријавеб.

Што се однесува до причините поради кои замина на Хвар, рече дека Милановиќ е, пред сѐ, интересен соговорник.

„За мене беше важно да го задржам вниманието на хрватската држава во однос на нејзината позиција во Босна и Херцеговина. Нам ни одговоата тој пристап во кој се посветува внимание на конститутивноста на народите и организацијата на Босна и Херцеговина во согласност со уставот“, вели Додик.

Тврди дека со Милановиќ разговарал и за престојот во Босна и Херцеговина, односно во Дервента, каде хрватската претседател во март додели медали на 103-та бригада на воената формација на босанскохерцеговските Хрвати од војната во 1990-те – Хрватскиот совет за одбрана (HVO) и на некои нејзини припадници. Ова предизвика бура од осуди од политичарите на босанските Срби, кои побараа хрватскиот претседател да биде прогласен за непожелна личност во Република Српска.

Додик во интервјуто обиде за се да ја обвини Католичката црква „во чиишто кулоари“, како што тврди, е договорено доделувањето на одликувањата и изјави дека тоа не е прифатливо за Република Српска.

„Разговарав за тоа со Милановиќ и мислам дека се разбравме“, изјави Додик.

На прашањето дали Милановиќ се противи на најавеното одбележување на 4-ти август во Приједор како „ден на прогонот на Србите од Хрватска“, Додик нејасно одговора.

„Не е едбоставно кога тие (Хрватска) слават победа, а ние положуваме венци. Но, тие, како и ние, имаат право на свој пристап. Ние не можеме да им забраниме тоа, исто како што тие не можат нам“, рече Додик кој во петокот го покани Вучиќ во Приједор на споменатото одбележување.