Викендов ќе се потпише договорот со Грција, но сè уште нема информации каде ќе се сретнат двајцата премиери. „Република Северна Македонија е новото решение за името“, соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Ќе се користи ерга омнес, со уставни измени. Јазикот останува македонски, без фуснота, националност – Македонец – граѓанин на Република Северна Македонија.
„Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот-македонски без фуснота. Националност-македонска / граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)“, изјави Заев.
Договорот се очекува да биде потпишан викендов, а ќе се ратификува од страна на двете држави. Наесен ќе има референдум, најави премиерот.