Докажана дома и признаена во Европа: Доктор Велкова е дел од изборите за ново раководството на ЛКМ

На претстојниот избор за ново раководство на Лекарската комора на Македонија, се појавува и докажаната докторка Емилија Велкова. Велкова е позната меѓу колегите, но добро ја познаваат и пациентите.

Доктор Велкова има долгогодишно лекарско искуство, но исто така и долгогодишно искуство во менаџирање на здравствени установи. Во периодот од 2013-та до 2017-та година, таа е директор на Институтот за трансфузиона медицина во Македонија, а во 2015-та година добива диплома за директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија.

Ова признание докторката го доби од Европскиот директорат за менаџирање со квалитет во медицината при Совет на Европа. Таа е докажан доктор во земјава.

Дел е од еснафското Здружение на трансфузиолози во земјава, од Комисијата за трансплатација на ткива и органи во Лекарската комора, дел од Комисија за национална стратегија за снабдување со сигурна крв при Министерството за здравство и многу други организации.

Докторката има и била номинира за низа звања од меѓународните здравствени власти. Така во 2015-та година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во областа безбедност на крв, во 2016-та година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа. На меѓународен план, таа зема учество во работата на низа здруженија и комисии, меѓу кои Меѓународно здружение на трансфузиолози, Меѓународно здружение за хемостаза и тромбоза.

Велкова инаку е доцент, односно доктор на науки. Високото образование го стекнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, а специјализација по Трансфузиона медицина ја поминува во истатата институција. Инаку таа е експерт доктор на медицински науки во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени.

Магистерската по медицински науки, пак, е во областа Трансфузиона медицина, а трудот е со наслов: „Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот“.