6.8 C
Skopje
сабота, ноември 16, 2024

Дончиќ е најголемиот „плачко“ во НБА

„Секогаш се жали и плаче кај судиите, Лука Дончиќ е „најголемиот плачко“ во НБА.

Искусниот новинар вели дека Лука нон стоп се жали кај судиите.

„Лука стана еден од најголемите плачковци во НБА лигата. Тоа се случува константно. Секогаш кога оди на влез тој се жали и кука кај судиите. Троши време на плачење и жалење, а тоа му штети на тимот. Го „цица“ живото од тимот. Целата енергија ја троши на расправии и жалење кај судиите“, изјавил новинарот Зек Лав.

Познатиот спортски новинар смета дека 22 годишниот Лука мора да почне да се однесува многу по зрело за доброто на тимот.

Лука Дончиќ инаку ја игра третата сезона во НБА лигата, и бележи просек од 27,3 коша, 9 скока и 9,4 асистенции по натпревар.

Во моментов неговиот Далас е на 13 мезсто во Западната конференција на НБА со скор од 8 победи и 13 порази.