Донираните вакцини на „AstraZeneca“ од Унгарија, Граничната полиција ќе ги размени за кинеските

Донацијата од шест илјади вакцини „AstraZeneca“, што македонските гранични полицајци ја добија од Унгарија, нема да заврши кај нив, затоа што повеќето се помлади од 60 години, а за таа возрасна категорија во земјава е забрането да се примаат вакцини од овој производител.

Како што дознава Слободен печат, решено е подарените дози од вакцинатана англо-шведскиот производител „AstaZeneca“ да му бидат предадени на Министерството за здравство, а министерството како замена на Граничната полиција ќе ѝ даде вакцини од кинески „Sinopharm“, кои може да се аплицираат на помлади од 60 години, какви што се поголемиот број граничните полициски службеници.

„Припадниците на полицијата не се вакцинираат на територијата на Србија. МВР доби донација од Унгарија од 6.000 дози од вакцината AстраЗенека кои нема да бидат наменети за припадниците на полицијата, туку за нив ќе бидат обезбедени 6 илјади дози вакцини Синофарм, а вакцините од донацијата ќе бидат искористени за вакцинација и ревакцинација на граѓани над 60 годишна возраст”, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.