Досега само партиите на Ахмети и на Села потврдиле присуство на лидерската 

Потврдно на повикот за лидерска средба, што вчера го упати премиерот Заев, засега дојде само од ДУИ и од Алијанса за Албанците, од каде е соопштено дека нивни претставници ќе се појават во петок во Клубот на новинарите.

Како што рече вчера Заев, на средбата ќе се разговара за неколку отворени прашања во државава. Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема потврда за присуство, но вчера на прес конференција, преку партискиот портпарол, беше порачано дека најголемата опозициска партија би ја прифатила средбата единствено ако прва точка на дневниот ред бидат предвремени парламентарни избори.