Дожд од голови на дербито во Ливерпул, Манчестер Јунајтед само со бод

Liverpool's Alex Oxlade-Chamberlain (C) celebrates with his teammates after scoring the 5-3 lead during the English Premier League soccer match between Liverpool FC and Chelsea FC in Liverpool, Britain, 22 July 2020. EPA-EFE/Laurence Griffiths/NMC/Pool

Фудбалерите на Ливерпул го прославија освојувањето на титулата првак на Англија победувајќи го на својот „Енфилд“ лондонски Челзи со 5:3 во последниот натпревар од 37-то коло на Премиер лигата.

Екипата на Јирген Клоп во 55 минута имаше водство од 4:1, тимот на Челзи се врати во мечот на само еден гол заостанување, но и немаше сила за целосен пресврт.

Ливепрул поведе со 3:0 со головите на Наби Кејта во 23, Трент Александер-Арнолд во 38 и Џорџино Вијналдум во 43 минута, а во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме за гостите намали Оливие Жиру. Роберт Фирмињо во 55 минута повторно ги одведе „Црвените“ на „плус три“, но следуваа двата погодока на Тами Абрахам во 61 и Кристијан Пулишич во 73 минута, со кои Челзи дојде до шансата да остане непоразен. Сепак, сите дилеми ги разреши Алескс Окслејд-Чемберлејн во 84 минута.

Фирмињо во последниот меч пред домашна публика првпат беше стрелец на „Енфилд“ во оваа сезона на Премеирл лигата. Другите осум погодоци ги постигна на гостинските терени. За Ливерпул ова беше 31-та победа во сезоната, што е рекодна во клупската историја, по која беше одржана церемонијата на врачување на пехарот.

Во претходно одиграниот дуел фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Вест Хем одигаа 1:1, со што домашните привремено се искачија на третото место, додека Вест Хем и теоретски го обезбеди опстанокот.

Вест Хем поведе на крајот од првото полувреме, во втората минута од судиското продолжение, кога Мајкл Антонио реализираше пенал досуден поради играњето со рака од Пол Погба. Во шестата минута од второто полувреме израмнувачкиот погодок за „Црвените ѓаволи“ го постигна Мејсон Гринвуд, по прецизната акција на работ од казнениот простор и додавање од Антони Марсиал.

Ливерпул дојде до 96 бодови, а во последното коло ќе гостува кај Њукас, во меч кој има ревијален карактер. Челзи, пак, ќе биде во борбата за Лигата на шампионите, без која може да остане долки биде поразен дома од Вулверхемптон, под услов Лестер на својот стадион да го совлада Манчестер јунајтед,,

Во последното коло овие три екипи влегуваат речиси израмнети. Манчестер Јунајтед и Челзи имаат по 63 бода, а Лестер само бод помалку. Две екипи ќе изборат пласман во Лигата на шампионите, а третата во Лига Европа. На Јунајтед му е доволен само бод, што важи и за Челзи, доколку Лестер биде подобар од манчестерскиот клуб.