Дуа Липа раскина по две години со Анвар Хадид

Дуа Липа ја прекина двегодишната врска со манекенот Анвар Хадид, пишува Дејли Мејл.

Претходно се пишувало дека направиле пауза за да ја спасат врската, но безуспешно. Многубројните патувања и разделбите наводно почнале да им бидат пречка. „Сан“ пишува дека двојката не е видена заедно во последните два месеци.

Анвар на својот Инстаграм профил нема заеднички фотографии со британската пејачка со косовско потекло, додека на нејзиниот профил има уште неколку.

Инаку, Анвар потекнува од палестинското семејство Хадид. Неговиот татко Мохамед Хадид е бизнисмен, а неговата мајка Јоланда е поранешна манекенка. Неговите постари сестри Џиџи и Бела се исто така познати модели.