Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, во изјава за Фокус тврди дека станува збор за монтирана сминка која, според него, „се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед“.
Дудуш најавува пријава поради објавената аудио-снимка од страна на порталот „Лидер“, на која, според медиумот, се слуша како Дудуш малтретира вработен во општината.
„По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај!“, тврди Дудуш.