ДУИ: На Пендаровски му донесовме над 90 илјади гласови

Според Демократската унија за интерграција (ДУИ) проценува дека во вториот круг од претседателските избори на консенсензуалниот кандидат со партнерот во власта СДСМ, Стево Пендаровски, му осигурала повеќе од 90.000 гласови на Албанците, кои треба да ми ја осигураат изборната победа, се истакнува во партиското соопштение.

ДУИ го поздравува одвивањето на изборниот процес, како во првиот така и во вториот круг и оценува дека изборниот процес е успешно завршен и е во согласност со европските стандарди, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ДУИ.

На 21 април и денес на 5 мај, Северна Македонија покажа демократска зрелост за организирање и спроведување на европски избори, а најголеми победници се граѓаните и државата. Ние во Демократската унија за интеграција сме исклучително задоволни од одлучувачкиот придонес на ДУИ во двата изборни круга, што го овозможија цензусот и предноста на нашиот концепт. Ќе ги чекаме официјалните резултати подоцна во текот на ноќта, но секако дека успешниот процес е извонреден резултат, се наведува во соопштенито.

Во ДУИ велат дека нивнити првични и неофицијални процени се дека околу 90.000 албански гласови го поддржале концептот на консензус, но оти ќе направат детална анализа на секое избирачко место во наредните денови.

Сакаме да изразаиме длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок но активен и организиран бојкот од страна на експоненти на албанската опозиција, кој значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар. Но, и покрај овие деструктивни напори, прогресивните сили на граѓаните не дозволија кризни и злонамерни сценарија за државата и за Албанците. За среќа, движењето на земјата кон НАТО и ЕУ нема сила која може да ја спречи, а ние во ДУИ сме старатели и гарантот на ова патување, стои во соопштението на ДУИ.