Дури 25 oтсто Хрвати одбиваат да се вакцинираат со која и да е вакцина против Covid-19

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак ги соопшти резултатите од анкетата според која 25 отсто од хрватските граѓани апсолутно одбиваат каква било вакцинација, а 10 до 15 проценти се двоумат дали да ја примат вакцината.

„Според нашите анкети, околу 25 отсто од Хрватите тврдокорно одбиваат вакцина, каква било вакцинација, не само против корона. Околу 10 до 15 проценти се двоумат, мора да влијаеме на нив, а остатокот ќе биде вакциниран, изјави Цапак за вестите на N1 телевизија коментирајќи го слабиот одѕив на вакцинацијата.

Според него, вчера одговориле само една третина од граѓаните повикани да се вакцинираат против Covid-19.