Двајца албански државјани приведени за тепачка во Дебар

Ноќта кон понеделникот во 2,40 часот во близина на угостителски објект во Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар се приведени Д.А. на 22, Џ.К. на 21 година, и двајцата од Албанија, како и 23-годишниот Е.Ќ. од Дебар, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.