Две малолетни момчиња се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на патот Струга-Дебар.
Вчера во 2 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Н.И. од Струга и мотоцикл „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17-годишен малолетник, и двајцата од село Лабуништа, струшко.
Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид’. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.