Двајца мажи вчера во Скопје биле нападнати од кучиња скитници. Според полицијата, вчера во 14.30 часот во полициската станица Центар, В.С.(53) од Скопје пријавил дека на улицата „Михаил Цоков“ во Дебар Маало бил каснат од куче скитник за двете нозе. Три часа подоцна, во 17.45 часот во истата полициска станица, Ш.И.(45) од Скопје пријавил дека на кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник за левата потколеница.