Девојка и момче на дваесетгодишна возраст се повредени откако ноќта во петокот автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот кај кумановското село Никуљане.
Во 22,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово кон селото Никуљане, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот М.Ж. од селото Долно Којнаре, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката 20-годишната А.Т. од Куманово констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.