На регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, на местото „Задчука” вчера од коловозот излетало патничко моторно возило „Тојота” управувано од Т.З. (32).
Случајот бил пријавен во МВР во 07:47 часот. Како што соопшти МВР, извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Сопатникот и возачот биле пренесени во Општата болница Дебар за укажување на лекарска помош.