Двајца повредни во оружениот инцидент во Бутел

Едно лице се здобило со повреди на десната нога, а друго со  расекотини по лицето, откако попладнето во вторникот на паркинг во скопската населба Бутел на било пукано во возилото во кое двајцата се наоѓале.

Како што претходно беше објавено, на инцидентот му претходела бркотница со автомобили. Според првичните информации околу 16:40 пријавено е дека на паркингот на Основното училиште „Живко Брајковски“ на улицата „Хо Ши Мин“, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле М.А. и А.У., на 34 години, по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото.

Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето,  наведуваат од МВР.

Како што дополнуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот