Два терористички напада во Иран со најмалку седум мртви

Најмалку седум лица загинале во два одделни терористички напади изведени во средата вечерта во Иран, меѓу кои четворица се припадници на полицијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Најмалку пет лица се загинале а исто толку се повредени во напад со огнено оружје на неидентификувани напаѓачи во средата вечерта на пазарот во градот во иранската провинција Хузестан, пренесува државната агенција IRNA.

„Како резултат на терористички напад во Изе во моментов има четворица загинати полицајци, а уште шест лица се ранети“, објави агенцијата Fars.

Според изворите на агенцијата, нападот го извршиле неколку лица кои отвориле оган врз полицајци кои минувале во областа на локалниот пазар. Некои медиумски извештаи, пак, говорат дека меѓу загинатите се стара жена и дете.

Малку подоцна агенцијата Fars објави дека уште најмалку две лица загинале а исто толку се ранети кога маскирани неидентификувани вооружени мотоциклисти отвориле оган во провинцијата Исфахан.

Според извештајот, двете жртви биле припадници на безбедносните сили. Повредените се хоспитализирани, се додава во извештајот.

Иранските медиуми нагласуваат дека нападите се случиле по повиците на „антиреволуционерните групи“ за организирање тридневно безредија ширум Иран, почнувајќи од вторник.

Според извештаите, безбедносните сили се обидувале да растераат група демонстранти во областа кога напаѓачите пристигнале и отвориле оган.