Двајца тешко повредени во сообраќајката на „Рузвелтова“ утрово

Возачот ја загубил контролата над автомобилот кој потоа се забил во ѕид, при што тој и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајниот инцидент кој се одигра рано утрово во центарот на Скопје.

Несреќата се случила околу 2,30 часот утрото во саботата на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“, кога 25-годишниот С.Р. од скопското село Инџиково, управувајќи автомобил „форд“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата возачот и сопатничката 24-годишната С.Ѓ. од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Како што претходно беше објавено, возилот било толку тешко оштетено, поради што морале да интервенираат пожарникари за да ги извлечат повредените.