Две изведби на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Безвременскиот, волшебен класичен балет „Заспаната убавица“ преточен во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ќе се изведе на 17 и 21 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. Билетите за претставата на 17 ноември се распродадени!

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски.

Во главните улоги на 17 ноември ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Аманда Роча (Бразил), Ангела Велевска.

Во главните улоги на 21 ноември ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, Ангела Богатинова.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.