Две кражби во Боговиње тешки милион и 600 илјади денари

боговиње

Според пријавата на сопственикот кражбата се случила вчера во периодот помеѓу 01:00 и 06:00 часот. Засега непознати сторители додека домашните спиеле во салонот на приземјето од куќата и во спалната на првиот кат, насилно ја отвориле влезната врата, откако целосно ја демонтирале цилиндер бравата, влегле и ги одзеле панталоните на сопственикот во кои имало 20 илјади денари во разни апоени, а потоа од закачалка одзеле јакна во која се наоѓале 20 илјади евра во разни апоени,  паричник со 400 евра и лични документи на пријавителот, како и несесер со 120 илјади денари. Со одземеното незабележани од никого ја напуштиле куќата противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на милион и 400 илјади денари, рече Јосифовски.

И  втората кражба, но во куќата на  С.И. (21) во Боговиње според пријавата на сопственикот се случила приближно во истиот период,  односно вчера помеѓу 01:00 и 07 часот и 30 минути. Како што информира Јосифовски, и во овој случај засега непознати сторител на неутврден начин и без да ја оштетат вратата влегле, ги пребарале сите простории и од панталони во собата во која спиел пријавителот одзеле 3.500 швајцарски франци и 6.000 денари во разни апоени, како и црна чанта со различни документи која подоцна била пронајдена во близина.

Со одземеното, стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 180 илјади денари, крадците незабележани ја напуштиле куќата, рече Јосифовски.

И на двете места полицијата извршила комплетен увид и работи на расветлување на пријавеното и  откривање на сторителите.