Двојна победа за Мерцедес и во Бахреин

Британскиот пилот Луис Хамилтон (Мерцедес) триумфираше на третата трка сезонав аво Формула 1, возена за ГН на Бахреин. Со оваа победа Мерцедес ја продолжи својатадоминација,во најбрзиот цирцус на денешницата, откако на првата трка во Австралија триумфираше Нико Розберг, а воМалезија на највисокото место на пиедесталот беше Хамилтон.

Хамилтон уште на самиот старт успеа да го мине Розберг, кој ја имаше пол-позицијата, па потоа Британецот до самиот крај ја контролираше трката. Тој имаше предност од десетина секунди, ситуацијата за момент се искомпликува по појавувањето на сигурносното возило на десетина круга до крајот, но Хамилтон сепак успеа да одолее на налетите на својот тимски колега и стигна до втората победа во низа оваа сезона.

Од првото до десетотоместо се пласираа: Луис Хамилтон (Мерцедес), Нико Розберг (Мерцедес), Серхио Перез (Форс Индија), Дани Рикардо (Ред бул), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Себастијан Фетел (Ред бул), Фелипе Маса (Вилијамс), Валери Ботас (Вилијамс), Фернандо Алонсо (Ферари), Кими Раиконен (Ферари)
Во генералниот поредок води Нико Розберг со 61 бод, пред Луис Хамилтон со 50 и Нико Хулкенберг со 28 поени.