Британскиот шпион Џорџ Блејк, славниот двоен агент кој шпионирал за советската тајна служба КГБ, изјави по повод неговиот 95-ти роденден дека и натаму им е верен на социјалистичките идеали, но додава дека руските шпиони мора да го спасат светот
„Да не верувам во нив веќе би бил мртов. Тоа е веројатно крај на мојот живот, но е и крај на патот кој човештвото треба да го измине до идеалот на социјалистичкото општество“, изјави Џорџ Блејк во разговорот емитуван на првиот канал на руската јавна телевизија, пренесува AFP.
Блејк, последниот преживеан од славната генерација британски двојни агенти кој уште од советскиот период живее во Русија, истакна дека се надева оти распадот на СССР и падот на комунистичките режими се само етапа на долгиот пат кој вистинскиот социјализам.
Како припадник на британското разузнавање MI6, Блејк бил затвореник на Северна Кореја во текот на Корејската војна во 1950-те и само им ги понудил своите услуги на советите откако бил сведок на американско бомбардирање на цивили.
Пота на КГБ му ги предал имињата на 400 агенти на разузнавачки служби и им го открил тајниот тунел во Источен Берлин кој бил користен за шпионирање на советите во времето на Студената војна. Го предал еден полски двоен агент и Џорџ Блејк во 1961 година е осуден на 42 години затвор во Велика Британија, но пет години подоцна бега од затворот и засекогаш заминал на Истокот, а во Москва пристигнува како херој, каде што дружел со другиот познат Брутанец кој станал советски шпион, Ким Филби.
„Деведесет и пет години се многу за една личност и многу малку за човештвото. Спомените на минатото, поради коишто не жалам во ниеден момент, ме поттикнуваат оптимистички да гледам на иднината“, вели Блејк во пораката кој во пресрет на неговиот роденден е објавена.
„Руските шпиони мора да го спасат“, светот апелира во разговорот Блејк во изјавата којашто ја објавува руското надворешно разузнавање и притоа ги предупредува младите агенти во Русија за странските служби дека светот е зафатен од „вистинска војна меѓу доброто и злото“, но оти верува дека може да се дојде до конечна победа над злобниот непријател.
„Вие се соочувате со тешка и важна мисија да го спасите светот во ситуација кога постои опасност од нуклеарна војна и соодветно самоуништување на човештвото што е во агендата на неодговорни политичари, кога тероризмот ја крена главата и ги остава своите крвави траги во многу делови од нашата планета“, го истакнува британски The Telegraph делот од изјавата на Блејк.
„Руските шпиони мора да го спасат светот“, апелира Блејк во изјавата којашто ја објавува руското надворешно разузнавање и притоа ги предупредува младите агенти во Русија за странските служби дека светот е зафатен од „вистинска војна меѓу доброто и злото“, но оти верува дека може да се дојде до конечна победа над злобниот непријател.
„Вие се соочувате со тешка и важна мисија да го спасите светот во ситуација кога постои опасност од нуклеарна војна и соодветно самоуништување на човештвото што е во агендата на неодговорни политичари, кога тероризмот ја крена главата и ги остава своите крвави траги во многу делови од нашата планета“, го истакнува британски The Telegraph делот од изјавата на Блејк.