Вознемирувачко видео: Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!
Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

На Интернет се појави видео снимка на која припадници на Исламската држава се закануваат дека за 48 часа ќе ликвидираат еден Хрват кој го држат како заробеник во Египет. Се работи за хрватски државјанин Томислав Салопек (31), од Врпоље.

На видеото под наслов „Порака до египетските власти“ маскиран маж бара од египетските власти да се согласат на размена на заробеници. Односно, замена на заробениот Хрват со муслиманки, за кои тврдат дека се заробени од власта во Каиро.

Заложникот Салопек, на видеото е во портокалово одело и клечи пред маскиран маж кој држи нож во рацете, и цитира текст кој киднаперите очигледно му го напишале. Салопек кажува дека е вработен во француската компанија ЦГГ и дека е киднапиран на 22 јули, во пустина во Египет.

Досега никој не преземал одговорност за киднапирањето на хрватскиот државјанин, кој, инаку, е топограф, татко на две деца. Тој е првиот Хрват заробен во Египет, откако во оваа земја почна да се чувствува присутноста на припадници на таканаречената Исламска држава.

 

 

Пoврзани вести: