Иако поради корона ја одлажи свадбата, вирусот не ја спречи пејачката да остане во форма. Џенифер Лопез на нејзините социјални мрежи сподели фотографии од теретана. Таа се сликаше пред огледало по напорниот тренинг, а со нејзиниот совршен изглед предизвика многбројни реакции.
Ако тоа не ве предизвикува, тогаш тоа не ве менува – напиша Џеј Ло во описот на фотографиите што ги објави.
Познато е дека пејачката тренира напорно, па вирусот корона не ја спречи да го задржи своето тело во одлична форма. Таа со фотографиите покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот, иако влезе во шестата деценија од животот.
Пејачката и нејзиниот вереник Алекс Родригез беа принудени да ја одложат свадбата поради коронавирусот, а пејачката истакна дека не знае како ќе успее повторно да организира сè.
– Вирусот исто така влијаеше на мојата свадба. Што се однесува до датумот и целата организација, јас навистина немам претстава што ќе биде. Како и целиот свет, ние сме во мирување, и тоа е нешто што ќе мора да почека неколку месеци – рече Џенифер во емисијата на Елен Деџенерис.