Ќе се отвораат градинките – препорача Комисијата за заразни болести

На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За „Фактор“ откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст.

„Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите“, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.