Бред Пит ги изреволтира обожавателите откако коментираше на видеото, од неговата ќерка Шајло, како танцува.
Иако Бред е очигледно посветен татко кога се во прашање неговите биолошки деца, не е познато колку често неговите посвоени деца имаат прилика да го видат.
Исто така, со години се шпекулира за лошите односи со наследниците, за што некои од неговите обожаватели ја обвинуваат Анџелина, која ги свртела против нивниот татко. Поранешниот пар никогаш не го коментираше тоа, иако болна и тешка судска битка за имотот и старателството водат од 2016 година, кога решија да се разведат по само две години брак. И додека Бред со гордост зборува за своите ќерки, тој не зборува за неговите синови Медокс и Пакс Тиен.
Имаше коментари дека му олеснало што Пакс станал полнолетен во 2021 година, а Медокс во 2019 година, па затоа не мора да се бори за старателството над нив, бидејќи времето со нив не е приоритет.
Последниве години американските медиуми пишуваа дека Бред нема контакт со најстарите синови и дека воопшто не сакал да ги посвои, туку тоа го направил поради Анџелина. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради пресметката на актерот со Медокс во приватниот авион.
Наводно, Пит се расправал со Анџелина, а синот дошол меѓу нив за да ја брани мајка си. Се шпекулираше дека актерот го удрил Медокс и дека случајот го истражувале социјалните служби и полицијата. „Бред беше пијан и се расправаше со Анџелина. Помеѓу него и неговиот син дошло до конфликт кој не бил решен како што треба и ескалирал повеќе отколку што требало“ – изјави извор близок на семејството.
Иако тој тогаш негираше, извор близок до Пит изјави дека оттогаш немал никаков контакт со својот син. „Апсолутно нема никаква врска меѓу нив“, посочи тој. Се шпекулираше и дека Пакс всушност решил да се дистанцира од својот татко, наводно по примерот на неговиот постар брат Медокс.