Еден од последните преживеани од Аушвиц почина од коронавирусот

Еден од последните преживеани од нацистичкиот логор Аушвиц во Белгија, Анри Кишка (Кичка), починал на 94-годишна возраст како последица од инфекција со новиот тип коронавирус, пренесуваат во неделата локалните медиуми.

Кишка, кој го преживеал споменатиот нацистички логот на смртта во Втората светска војна подигнат на територијата на тогаш окупираната Полска, починал во саботата во дома за стари лица во Брисел.

Во јануари годинава зборувајќи за BBC за своето искуство, на прашањето како упеал да преживеаа, Кишка одговори „Не го преживувате Аушвиц. Самото место е смрт“.

Неговиот син Мшел Кишка на Facebook напиша: „Малиот микроскопски короанвирус успеа таму каде што целата нацистичка војска не успеа. Мојот такот го преживеа маршот на смртта, но денеска неговиот марш на животот заврши“.

Како што пишува весникот The Brussels Times, таткото на Анри Кишка побегнал од Полска во 1918 година, пред растечкиот антисемитизам во земјата. Семејството на неговата мајка тоа го сторила во 1924 година, а тој се родил во 1926 година во Брисел. Кога во 1940-та Германија ја окупира Белгија, кога Анри имал 16 години, неговиот татко решил да го пресели семејството, но биле уапсени на југот од Франција и вратени во Белгија. Во 1942-та тој и таткото биле уапсени од нацистите и следните години ги минале во неколку концентрациони логари пред да завршат во Аушвиц.

Во јануари 1945 година кога советските трупи се приближиле кон логарот, нацистите заробениците ги натерала на она што подоцна ќе стане познато како Марш на смртта. Од 5.000 логораши кои биле принуден на маршот, преживеале само 500, меѓу кои и Анри и неговиот татко Јосек.