Вооружени лица утрово извршиле разбојништво во „НЛБ банка“ на улицата „Ферид Бајрам“ наспроти зградата на скопската општина Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.
Во МВР настанот е пријавен во 10,30 часот и како што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.
Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е., 26-годишен. вработен како обезбедување во банката.
Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.
Неофицијално, пак, во одредени медиуми се споменува дека се одземени околу 100.000 евра.