
Моторциклист загина во тешка сообраќајна несреќа кај Велешта. Во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 15,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај село Велешта едно лице загина.
Како што информира МВР, вчера се судриле патничко моторно возило „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од с.Подгорци-струшко и моторцикл „Сузуки“ управуван од Един Р. (20)-с.Октиси-струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу 17,20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на полициска станица-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.