Во Скопје заврши во неделата кадетското светски првенство со сензационалната победа наа селекцијата на Египет, која во финалето го совлада големиот фаворит Германија.
Ова е прва титула за една неевропска селекција на кадетските мундијали. Бронзениот медал го освои селекцијата на Данска.
.
Денешни резултати:
Натпревар за седмото место: Исланд – Шпанија 26:30 (8:12)
Натпревар за петтото место: Франција – Унгарија 20:31 (9:18)
Натпревар за третото место: Португалија – Данска 27:35 (11:15)
Финале: Египет – Германија 32:28 (19:13)
.
Тим на првенствот:
Лево крило: Александер Рејман (Германија)
Лев бек: Хасан Валид Ахмед (Египет)
Среден бек: Лауриц Реинхолдт Легер (Данска)
Десен бек: Мартим Коста (Португалија)
Десно крило: Даниел Кешкец (Унгарија)
Пивот: Том Бергнер (Германија)
Голман: Абделрахман Мохамед Хомајед (Египет)
Најдобар дефанзивец: Јулиан Костер (Германија)
МВП: Ахмед Хешам Елсајед (Египет)
Најдобар стрелец: Хасан Валид Ахмед (51 гол, Египет)