ЕК ја префрла одговорноста за распределбата на вакцината на државите членки

Државите членки на Европската унија самите бараа флексибилност и одлучија да остапат од правилата вакцианта да се распоредуваат според бројот на жителите, објави во саботата Европската комисија префлрајќи ја со тоа од себе одговорноста за нерамномерната распределба во Унијата.

„Државите членки одлучија да отстапат од предлогот на Европската комисија, со внесување на флексибилноста кој дозволува различна дистрибуција на дозите, земајќи ја предвид епидемиолошката ситуација и потребата од вакцината во секоја од нив“, наведува во соопштението Комисијата.

Европската комисија со соопштението реагираше откако системот на распределбата на вакцините остро беше критикуван во повеќе од 27-те земји членки.

„Според овој систем, доколку некоја земја одлучи да не го зема својото дел од дозите, тие тогаш се распоредува кон заинтересираните членки“, објави Комисијата.

Премиерите на Австрија, Бугарија, Латвија, Словенија, Чешка и Хрватска, повикаа во саботата на разговори на високо ниво за поправедна распределба на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на функционирање тој систем до летото може да создадат „големи разлики“ меѓу државите членки.

Во писмото до претседателот Европскиот совет, Шарл Мишел, и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, предупредика дека доколку продолжи таквиот систем, ќе продолжи да создава и да ги зголеми големите разликите меѓу државите членки до летото, па некои ќе бидат способни да достигнат колективен иминутите во неколку седмици, а други ќе зоастануваат.

Европската комисија во своите соопштение додава дека земјите членки треба да се договорат, ако сакаат да се вратат на системот на распределбата според бројот на жителите.