ЕК ги претстави мерките за соочување со економските последици од коронавирусот

Европската комисија (ЕК) најави во петокот „максимална флексибилност“ во поглед на европските фискални прописи и правила за државните поддршки, со што земјите членки би можеле да им помогнат на загрозените сектори поради пандемијата од новиот сој коронавирус.

„Државите членки треба да бидат охрабрени да ги преземат сите потребни мерки за поддршка на своиет економии… Комисијата ќе ги користи сите инструменти кои ѝ стојат на располагење за да ги ублажи последиците од пандемијата“, изјави претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Фон дер Лејенр, извршните потпретседателите на ЕК, Маргарет Вестагер и Валдис Домбровскис, ги претставија во петокот мерките за економски одговор на кризата предизвикана со коронавирусот.

Фискалните правила на ЕУ пропишуваат дека буџетскиот дефицит не смее да биде поголем од 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а јавниот долг над 60 отсто. Комисијата смета дека пандемијата од коронавирусот претставува нешто што е надвор од контролата на владите, што ги оправдува поголемите трошоци за зравството и мерките насочени за поддршка на компаниите и работниците.

ЕУ има и строги правила за државните поддршки, за да не се поремети чесниот пазарен натпревар на заедничкиот пазар, а за надзор на почитување на овие правила задолжена е ЕК.

Поради вонредната ситуација со коронавирусот, некои економски сектори, како туризмот, хотелиерството, сообраќајот, силно се погодени и оттаму ЕК најавува правила за компензација на претпријатијата од споменатите сектори, и можноста националните влади да можат да им помогнат на банките да имаат соодветна ликвидност. Европската комисија наведува дека главниот фискален одговор на кризата треба да дојде од буџетите од државите членки.

Државите членки може да осмислат мерки за поддршка во согласност со постојните прописи на ЕУ. Може да преземат мерки, како субвенционирање на платите, суспендирање на плаќањата на корпоративните даноци и даноците на додадената вредност.

Земјите членки може да даваат директна финансиска поддршка за потрошувачите, на пример за откажаните услуги или влезнции за кои давателот на услугата не ги вратил парите. Правилата за државните поддршки им овозможуваат на владите да им помогнат на компаниите кои имаат проблем со ликвидноста и кои имаат потреба од итна помош за спасување. Договорот за ЕУ предвидува и можноста за компензација на компаниите за штетата за која се одговорни вонредни околности, вклучително и мерките за поддршка на туризмот и воздухопловните превозници, појаснуваат од ЕК.

Во моментовт ситуацијата во Италија е таква што може да се примени одредбата од Договорот за ЕУ за компензациите, додаваат од ЕК.

За итна помош на малите и средните претпријатија кои се најтешко погодени, од буџетот на ЕУ ќе се користат постојните инструментите за да им се помогне на компаниите со ликвидноста, како дополнување на мерките од национално ниво. ЕК најавува дека од буџетот на ЕУ наскоро ќе биде пренесочена милијарда евра како гаранција за Европскиот инвестициски фонд да ги поттикне банките да обезбедат средства за малите и средните претпријатија. Оваа мерка би им помогнала на најмалку 100.000 мали и средни претпријатија, со околу 8 милијарди евра кредити.

ЕК предлага и инвестициски фонд од 37 милијарди евра во рамките на ткн кохезиска политика. Комисијата предлага оваа година да има откажување од обврската државите членки да мораат да ги вратат неискористените средства кои им се доделени за претфинансирање на проектите од структурните фондови. Тоа изнесува 8 милијарди евра, кои би послужиле за мобилизирање на уште 29 милијарди евра.