ЕК во врска со скандалите на Димова: Ги следиме сите обвинувања, нерегуларните трошоци ќе треба да се вратат

Европската комисија ги следии извештаите од Македонија во врска со скандалите поврзани со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, и ќе бара сите нерегуларни трошоци направени на товар на програмата Еразмус плус да бидат вратени, стои во писмената изјава за телевизијата Алфа, од портпаролката на Комисијата, Сузан Конзе.

Претходно телевизијата Алфа поставила прашања до потпаролите на Европската комисија, а повратен одговор добила од Сузан Конзе, потпаролка за образование, млади, спорт и култура, демократија и демографија.

„Она за што можам да ве информирам во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со овие тврдења во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +. Сите такви обвинувања се следат и, каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларните трошоци ќе бидат идентификувани и ќе треба да се вратат. Комисијата не може да дава детали додека трае процесот на следење“, стои во електронскиот дипист од потпаролот на Европската комисија.