Иако благодарение на неговите улоги е препознатлив како симпатичен лик кого сите го сакаат, Џеки Чен во приватниот живот е тотално спротивен.
Во неговите мемоари „Newer Grow Up“, открил дека во животот правел бројни грешки и дека во минатото кон жените бил „вистински идиот“.
Но тоа не е сè.
Џеки признал и дека често пијан седнувал зад воланот и дека се коцкал со друштвото.
Кога ја запознал сегашната сопруга Џоан Лин, со која е во брак од 1982 година, ја сметал за жаргонски кажано „спонзоруша“ и ги криел парите од неа, а потоа ја изневерил со бившата Мис на Азија, Елаин Нг.
Во мемоарите признава дека често имал проблеми со бесот, па за време на една кавга со сопругата, својот син го фрлил преку собата на каучот.
Оправдување за своето однесување пронашол во несигурноста и незрелоста, а тврди дека успеал да се справи и да ги надмине тие проблеми.
Со тоа сигурно не би се сложила неговата 19-годишна ќерка Ета, која ја добил во кратката авантура со нејзината мајка Елеин. Ета е бездомник, а за медиумите зборувала дека станала бездомник кога на родителите им открила дека е лезбејка. Џеки Чен за ќерка си во јавност ретко зборува, а аферата со нејзината мајка ја дефинирал како грешка.