Фудбалерот на Интер и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко не помислува наскоро да се откаже од активно играње фудбал.
– Фактот што сум тука на 37 години покажува колку ми значи репрезентацијата, многу луѓе се откажуваат на таа возраст. Во Интер играм на секои три дена без никакви проблеми и не сакам да престанам сега, изјави Џеко за „Газета дело спорт“.
Додава дека би бил среќен да ја однесе Босна и Херцеговина на ЕП.
– Многу сакам репрезентацијата да постигне одличен резултат и оди на првото Европско првенство во својата историја. Во минатото не бевме успешни поради неколку фактори. Сега квалификациите зависат од нас.
Триесет и седумгодишниот Џеко оваа сезона одигра 38 натпревари за Интер, постигнувајќи 11 гола и пет асистенции.
Селекцијата на Босна денеска против Исланд го започнува својот настап во квалификациите за Еуро 2024.